Top Sport

Металург без шанси против Мешков Брест (Видео)

Ракометарите на Металург во 11.натпревар го запишаа деветтиот пораз во СЕХА лигата. Вечерва во Скопје, Мешков Брест го победи Металург 34:28. Металург остана на претпоследната позиција на табелата со само четири бода, додека Мешков се на петата позиција со 18 поени и останаа во трката за пласман на завршниот турнир.

Металург во ниту еден момент не успеа да им се спротивстави на фаворизираните гостински играчи. Во раната фаза на мечот Мешков имаа два гола предност, на половина од првиот дел разликата беше четири гола. Металург успеа да се доближи во еден момент на само гол негатива (9:10), но не стигна до израмнување.

Во вториот дел Белорусите, во 36.минута, имаа предност од пет гола (15:20), Металург неколку пати успеа да намали на четири гола, но не и да му создаде проблеми на ривалот.

Најефикасен играч на Металург беше Гонсало Рибеиро со осум гола. На спротивната страна се истакнаа тројца играчи кои заедно постигнаа 28 гола. Шиме Ивиќ реализираше 10 гола од исто толку обиди, исто толку гола постигна Петар Ѓорѓиќ, а поранешниот играч на Металург Дарко Ѓукиќ постигна осум.

фото и видео: seha-liga.com

Scroll to Top