Top Sport

Тренерот на Раднички: Бог ни помогна, директорот на Рад: Не е Бог, некој друг е (видео)

Дуелот од српската Суперлига меѓу Рад Белград и Раднички Ниш предизвика многу реакции околу судењето и тоа кој навистина помогнал за импресивната победа на нишлии.

Рад со головите во 48. и 55. минута стигна до водство од 2:0, но Раднички намали на 2:1 во 66. минута, за со головите на Арсиќ да направи целосен пресврт во 85. и 86. минута за 3:2 победа. Голманот на Рад голот за 2:2 го прими од 30-тина метри, но спорен беше третиот гол, бидејќи пред акцијата, неговиот соиграч Стојановиќ со рака ја смири топката, а судијата тоа не го санкционираше.

„Ни помогна Бог!“, изјави тренерот на Раднички, Милан Ѓуричиќ.

Од противничкиот тим не беа толку сигурно дека се работи за божја работа.

„За ова не се погрижи Бог, туку некој друг. Тоа што ќе посеете, на крајот ќе го жнеете“, изјави директорот на Рад, Урош Тошиќ.

Тој им забрани на фудбалерите да даваат било какви изјави за новинарите.

Scroll to Top