Top Sport

Рутинска победа на Вардар над Пекинг

Вардар стигна до рутинска четврта победа во регионалната СЕХА лига, откако со 36:28 (21:10) го совлада „новакот“ во натпреварувањето, Бејжинг Јуниверсити, кинескиот клуб на чие чело е поранешниот хрватски голман Владимир Шола.

Победникот на мечот беше решен уште во првото полувреме, кое „црвено-црните“ го завршија со фантастични 11 гола разлика (21:10), а тренерот Едуард Кокшаров им даде шанса на речиси сите во неговиот тим во второто полувреме.

Најефикасни беа Ален Ќосевски и Словенецот Доминик Сикошек Пелко со седум постигнати голови, додека шест уфрли Димитар Димитриоски.

Scroll to Top