Најдобриот играч на Норвешка Сандер Сагосен е новиот крал на стрелците на европските првенства. Ракометарот на Пари Сен Жермен на 14 Европско првенство го урна рекордот на Кирил Лазаров од 61 постигнат гол.

Сагосен со Норвешка го освои бронзениот медал, а шампионатот го заврши со 65 постигнати гола. Норвежанецот во просек постигнуваше по 7,2 гола на деветте натпревари.

Инаку рекордот на Лазаров беше поставен во 2012 година. Капитенот на Македонија на тоа ЕП постигна 61 гол.

foto/epa