Top Sport

Баерн „пукна петарда“ во мрежата на Шалке (Видео)

Фудбалерите на Баерн Минхен го искористија поразот на Лајпциг во Франкфурт и со убедливата победа над Шалке (5:0) му се доближија на лидерот на само еден бод.

Баерн против гостите од Гелзенкирхен ја покажа својата моќ, а убедливата победа ја најави Левандовски веќе во шестата минута. До крајот на првиот дел гол постигна и Милер.

Во вториот дел тројца нови играчи се запишаа меѓу стрелците. Третиот гол го постигна поранешниот играч на Шалке Горецка, потоа погоди Алкантара, а серијата ја затвори Гнабри во 89 минута.

Лајпциг на врвот има 40 поени, еден повеќе од Баерн и два од Борусија Менхенгладбах. Шалке со 33 бода се на петтото место.

Scroll to Top