Ѕвездата на Норвешка Сандер Сагосен во новата сезоната ќе го носи дресот на Кил. Според него сезоната 2020/2021 ќе биде пекол за ракометарите.
Коронавирусот направи хаос во ракометниот календар. Во машка конкуренција завршниот турнир во Лигата на шампионите ќе кон крајот на годината. Сагосен е во специфична ситуација бидејќи на завршниот турнир пласман избори со ПСЖ, а на турнирот ќе игра со Кил.
„Ќе биде тешко, не очекува пеколна сезона. Пред нас се интересни натпревари и многу време кои ќе го потрошиме на патувањата“, рекол Сагосен.
Тој смета дека треба да се намали бројот на натпревари и дека некои натпревари треба да бидат исфрлени од календарот.
„Мораме да ги откажеме квалификациите за пласман на Олимписките игри и квалификациите за Европското и Светското првенство. Тоа значи дека во тие термини би можеле да играме други натпревари“, заклучил Норвежанецот.