Top Sport

Сагосен си оди од Кил во најавениот норвешки супер-тим?

Еден од најдобрите светски ракометари, Сандер Сагосен ја одбил понудата за продолжување на договорот со Кил, потврди германскиот шампион на социјалните мрежи, посочувајќи дека тој ќе замине во 2023 година како слободен играч.

„Сандер Сагосен ја одби нашата понуда и ќе ја напушти најсилната лига на светот. Ја почитуваме неговата одлука, иако бевме подготвени за долгорочна соработка. Сите услови беа исполнети, атмосферата во екипата беше одлична, но не можеме да се бориме со неговата одлука“, вели директорот на клубот, Виктор Силаги.

26-годишниот Сагосен има желба да се врати во својата татковина, Норвешка, поточно во тимот Колстад, каде што ја започна кариерата, и каде што повеќе извори, вклучувајќи ги „Хандбол планет“, најавуваат формирање на голем и силен тим со цел освојување на титула од Лигата на шампионите.

Scroll to Top