Top Sport

Ферстапен: Сигурно нема да одам на вечера со Хамилтон

Лидерот во генерален пласман во Ф1 шампионатот, Макс Ферстапен отворено зборуваше за односите со својот ривал за титулата, седумкратиот шампион Луис Хамилтон, признавајќи дека покрај тензијата на патеката, сигурно нема да одат на заедничка вечера.

На шест трки пред крајот, Ферстапен има 12 поени предност пред Хамилтон по победата на Американското ГП, и вели дека односите се типични за двајца возачи кои се вклучени во борба за најголемата награда.

„Добро е. Мислам дека сме такви какви што треба да бидат двајца натпреварувачи. Сигурно нема да одиме на заедничка вечера, но тоа е океј. Двајцата го имаме тој натпреварувачки дух и се обидуваме да се победиме на патеката, но и да се почитуваме кога битката ќе заврши. Да, имаше неколку тензични моменти, но мислам дека двајцата се однесуваме доволно добро“, вели Ферстапен.

Тој додава дека не реагира на написите за ривалството, посебно во британските медиуми.

„Знам што треба да направам во Ф1, со тимот и навистина не сум заинтересиран за другите приказни. Не ги следам вестите, се фокусирам на семејството и на пријателите кога сум дома. Кога сум на социјалните мрежи, не сакам да гледам болиди“, додава Ферстапен.

Scroll to Top