Сите ракометари што ќе настапат на Европското првенство во Словачка и Унгарија, ќе мора да бидат вакцинирани, објави Европската ракометна федерација (ЕХФ).
ЕХФ ги објави протоколите на кои ќе мора да се придржуваат учесниците. Од Виена потврдија дека ЕУРО 2020 нема да се игра во „меур“, движењето на тренерите и ракометарите нема да им биде ограничено.
Целата репрезентација ќе замине во самоизолација во случај на позитивен тест. Потоа ќе се прават нови тестирања и доколку бидат добиени негативни резултати, репрезентацијата ќе може да продолжи со натпреварувањето.
„Ги усогласивме пропозициите со Светската ракометна федерација (ИХФ), бидејќи Светското првенство во женска конкуренција ќе се игра во декември. Одлучивме на ЕП да играа само оние кои се вакцинирани и оние кои ќе приложат сертификат дека го прележеле коронавирусот. ПЦР тестови, врз сите учесници, ќе се прават не секои два дена“, соопшти Мартин Хауслајтнер, генерален секретар на ЕХФ.
Македонија во првата фаза ќе игра во Дебрецин, во А-групата се Данска, Словенија и Црна Гора.
Фото/macedoniahandball.com.mk