Европската ракометна федерација (ЕХФ) ги објави имињата на сите клубот кои наредната сезона ќе играат во Лигата на шампионите. Во сезоната 2020/2021 Македонија во елитното натпреварување ќе има само еден претставник, Вардар, откако Еурофарм Пелистер не се најде меѓу тимовите кои добија специјална покана за настап од ЕХФ.
Специјални покани од ЕХФ за настап во Лигата на шампионите добија Нант во чии редови игра Кирил Лазаров, односно Мотор Запорожје, Пик Сегед, Елверум, Целје и Мешков Брест.
Овие шест тима ќе играат во елитната конкуренција заедно со Вардар, ПСЖ, Барселона, Кил, Веспрем, Фленсбург, Кјелце, Алборг, Загреб и Порто.
Еурофарм Пелистер заедно со Металург наредната сезона ќе игра во Европската лига.
ЕХФ ја комплетираше листата на екипи кои ќе играат во женската Лига на шампионте. Ракометарките на Куманово аплицираа но не добија покана за настап во Лигата на шампионите.