Нашата ракометна репрезентативка Сара Ристовска која настапува во екипата на Крим Меркатор од Словенија во 4. коло од Лигата на шампионките триумфираше со својата екипа над хрватска Подравка со убедливи 27:20.
Пет од погодоците за домаќинките беа дело токму на Ристовска. Брзите контри на нашето крило беа нерешлива енигма за противничките ракометарки, кои во средината на вториот дел сриозно се заканија, но немаа сила за расположените домашни ракометарки.
Вчера победа вчера забележа и Ростов Дон против тимот на Копенхаген со 30:25, а денеска ќе се играат нови пет средби од ова коло во женската ЛШ.