Хрватскиот тренер Ненад Кљаиќ доби отказ од позицијата селектор на Саудиска Арабија само месец дена пред Азискиот шампионат, и тоа преку имејл порака!
„Едноставно добив порака во која ми се заблагодаруваат за соработката и дека веќе не сум селектор. Без ниту една причина“, вели Кљаиќ за „Вечерњи лист“.
Кљаиќ, кој со Хрватска освои златен медал на Олимпијадата во Атланта во 1996 година, а потоа беше и тренер на Загреб. Тој беше саудиски селектор од 2013 година.