Ракометарите на Металург го остварија првиот триумф во Лигата на шампиони. Во натпреварот што предмалку заврши во СЦ „Борис Трајковски“, ракометарите на Металург го совладаа Чеховски Медведи со 25:24, на полувремето беше 16:10.
На одмор избраниците на Брестовац заминаа со шест гола, но во вториот дел предноста почна да се топи. Русите го имаа и последниот напад за израмнување, но „металурзите“ се одбранија и со конечни 25:24 можеа да се радуваат на првата победа сезонава.
Најефикасен во домашната екипа беше Димитар Димитровски со 5 гола, а Мартин Серафимов, Александер Спенде и Анте Токиќ постигнаа по четири.