Top Sport

Сега, на утешното мени следува „зборнаја“ во Келн

Македонската ракометна репрезентација треба да ги надмине фрустрациите по поразот од Исланд и неуспехот да се пласира во втората рунда на Светското првенство во Германија и Данска, бидејќи пред неа е нов предизвик – борбата за пласман од 13. до 16. место, или таканаречениот „Президентс куп“.

Денеска, од 13 часот во „Ланксес арената“ во Келн, на програмата е првиот тест, силната репрезентација на Русија предводена од нашиот добар познаник Тимур Дибиров. Вториот меч од овој дел е меѓу Чиле и Катар, така што една од овие две репрезентации е нашиот следен предизвик.

Дали Раул Гонзалес ќе се реши да брка пласман или ќе им даде шанса на помладите ракометари да го искусат големото натпреварување, останува да се види, посебно бидејќи Македонија мора да гради репрезентација за следните големи натпреварувања.

На „големата сцена“ пак, денеска почнува втората фаза со неколку супер-интересни дуели. Французите ќе се обидат да ги докажат своите шампионски амбиции против Шпанија од 18 часот, додека во вечерното големо дерби Германија го пречекува нашиот „крвник“ Исланд. Шведска не би требало да има проблеми со Тунис, додека вториот ко-домаќин, Данска ја пречекува Унгарија.

СП ГЕРМАНИЈА/ДАНСКА

ВТОРА ФАЗА

Франција – Шпанија 18.00 ч.

Тунис – Шведска 18.00 ч.

Данска – Унгарија 20.30 ч.

Германија – Исланд 20.30 ч.

ЗА 13.-16. МЕСТО

Русија – МАКЕДОНИЈА 13.00 ч.

Чиле – Катар 15.30 ч.

ЗА 17.-20. МЕСТО

Србија – Бахреин 18.00 ч.

Австрија – Аргентина 20.30 ч.

Фото: ЕПА

Scroll to Top