Top Sport

СЕХА: Мотор се израмни со Вардар на врвот на табелата

Украинскиот претставник Мотор Запорожје се израмни со бројот на освоени поени со Вардар во СЕХА лигата, откако стигнаа до осмата победа во 10 меча, овојпат со убедливи 37:29 над Војводина.

Во текот на викендот, Вардар одигра меч на гости со Нексе со младинскиот „погон“ и загуби катастрофално, дозволувајќи му на Мотор, кој успеа да го изненади Вардар на стартот на регионалната лига, со победа над српскиот претставник да се израмни со „црвено-црните“.

Војводина успеа да се држи рамноправно со фаворитот во првите 20 минути игра, по што Мотор почна да се одвојува за на крајот да победи со убедливи осум гола разлика (37:29). Олександар Касаи, Денер Јанима и Аиденас Маласинскас постигнаа по шест голови за украинскиот тим, додека за Војводина, Никола Ковачевиќ и Лука Роган имаа 7 гола.

Претходно, ППД Загреб со 30:24 го победи белорускиот Мешков Брест за да се одвојат на второто место на табелата во групата Б со три поени зад Веспрем.

СЕХА ЛИГА

ППД Загреб – Мешков Брест 30:24 (12:11)

Мотор Запорожје – Војводина 37:29 (18:15)

Scroll to Top