Top Sport

Фудбалска фарса во Трнава – Словачка имаше милост за данските аматери (видео)

Репрезентацијата на Словачка со лесни 3:0 ја совлада „скрпената“ данска репрезентација, за која играа аматерски фудбалери (дури и еден ’професионален јутјубер’), по несогласувањата со националната федерација.

Бојкотот на главните дански ѕвезди значеше дека репрезентацијата мораше да најде фудбалери за закажаните мечеви или да ризикува исфрлање од Евро 2020, и за таа улога редовниот селектор Оге Хареиде беше ставен на страна, а Џон Јенсен беше повикан како „привремен“ селектор. Самиот Јенсен пред патувањето во Данска изјави дека не познава ниту еден од фудбалерите во данскиот состав.

„Славната“ данска стартна постава

Словаците исто така не беа пресреќни поради тоа што нивната репрезентација треба да игра против фудбалери како Расмус Јохансен, фудбалски аматер кој во својата земја е познат по своите видеа на Јутјуб во кои изведува фудбалски трикови.

Адам Немец уште во 11. минута донесе водство за Словачка, а во 37. минута, Алберт Руснак зголеми на 2:0. Конечните 3:0 беа поставени во 79. минута со автогол на Данците, откако во словачката репрезентација се направија повеќе измени.

Како и да е, ова е можеби најчудниот меч во историјата на данската репрезентација, а можеби и во европскиот фудбал. Како и да е, имате можност да погледнете дел од комичните моменти во Трнава.

Фото: ЕПА

Scroll to Top