ППД Загреб забележа рутинска победа над Металург 30:28 (15:13) во рамките на 14.коло во СЕХА лигата. Металург го забележа осмиот пораз и остана седмата позиција со 16 бода, а Загреб со десеттата стигна до 31. бод и се зацврсти на второто место со шест бода помалку од Вардар кој има и меч помалку.
Учесниците во Лигата на шампионите ППД Загреб и Металург одиграа максимално израмнет натпревар, кој домаќинот го контролираше од првиот до последниот напад.
Во првиот дел до последната минута се играше гол за гол, Загреб во 29 минута стекна три гола предност (15:12), а Серафимов ги постави конечните 15:13 по првите 30 минути.
По слично сценарио започна и вториот дел, а Загреб во 38. минута стигна до четири гола разлика (21:17), а четири минути подоцна 22:18.
До крајот на натпреварот Металург ја бркаше предноста на противникот, а кога и да се доближеше на гол негатива Загреб лесно ја враќаше предноста од три гола. Во 55.минута домаќинот имаше 29:25, Металург успеа да постигне три гола во низа, а победата на Загреб ја потврди Павловиќ на десет секунди до крајот.
Одличен меч за Металург одиграа Јагањац и Кузмановски кои постигнаа девет односно осум гола, а на споритвната страна по осум гола постигнаа Контрец (без промашување) и Хорват.