Само уште актуелниот шампион и „доминатор“ во СЕХА лигата, Вардар е непоразен оваа сезона. Хрватското изненадување Нексе загуби со 26:24 (15:12) на гостувањето во Словачка кај Татран Прешов за по четири победи да го доживее првиот пораз.
Ѕвезда на Татран иронично беше хрватскиот репрезентативец Бруно Буторац, кој „експлодираше“ со 9 гола и 5 асистенции за Прешов. Татран отвори со неверојатна низа од 7:1, по што го контролираше текот на натпреварот, иако на 15 минути пред крајот Нексе се врати на еден гол разлика (19:18). Оливер Рабек додаде пет гола, а Лукаш Урбан пет асистенции, додека за Нексе најдобар беше Томи Возаб со седум гола.
Фото/Видео: СЕХА