Новата сезона во регионалната ракометна СЕХА лига ќе започне на 10 октомври. Македонија во лигата ќе има два клуба. Вардар и Еурофарм Пелистер. Челниците на СЕХА го пролонгираа стартот на лигата за речиси еден месец, првично лигата требаше да стартува на 12 септември.
Сезонава во СЕХА лигата ќе се натпреваруваат 10 екипи кои ќе бидат поделени во две групи.
Вардар е во група со Татран Прешов, Војводина, Мотор Запорожје и Нексе, а Еурофарм Пелистер ќе игра против Веспрем, Загреб, Мешков Брест и Металопластика.
фото/rkvardar.mk