Top Sport

Крај на сезоната за Лука Циндриќ

Лука Циндриќ, играчот на Кјлеце, се здобил со тешка повреда која подолго време ќе го оддели од ракометните терени, изјавил за хрватските медуми, директорот на хрватската репрезентација, Игор Вори.

Не е познато за каква повреда станува збор, но доколку тврдењата на Вори се точни, тогаш оваа сезона за Циндриќ е завршена.

Минатата недела тој постигна три гола во победата над Мотор Запорожје во Лигата на шампионите.

„Лоши вести ни дојдоа од Полска. Циндриќ се повредил и според информациите што ги добивме го очекува долга пауза. Му посакувам брза рехабилитација. Милсам дека овие два натпревари со Србија ни се клучни. Не очекува тешка недела. Не очекува пеколна атмосфера во белград“, изјавил Вори во Брест, каде ги следи хрватските играчи на завршниот турнир во СЕХА лигата.

Хрватска, во квалификациите за ЕП ќе игра два натпревари притив Србија, на 11 април во Белград и три дена подоцна во Сплит.

Scroll to Top