Top Sport

Секељи: Извинете, Битола заслужува шампион

Голманот на ракометниот клуб Еурофарм Пелистер, Мартон Секељи, се огласи по загубената титула во Суперлигата. Битолскиот тим загуби од Вардар во салата „Боро Чурлевски“ со 23:26 и многу веројатно ќе остане без шампионскиот пехар и оваа сезона, а чека цели 17 години.

,,Извинете… Битола и навивачите се шампиони и никој друг. Со оваа поддршка ЕХФ Ф4 беше наше место и требаше да ја завршиме сезоната како шампиони. Сега, се чувствуваме празно и со огромна болка, но се надевам дека ќе успееме да се кренеме и да го освоиме Купот“, истакна Секељи.

До крајот на првенството има уште натпревари, меѓутоа Вардар е огромен фаворит и голема е веројатноста ќе ги победи за да го сочува првото место на табелата.

Scroll to Top