Селекторот на ракометната репрезентација на Македонија, Кирил Лазаров, повика 23.играчи за подготовките, за дуелите со Чешка.
Првиот собир репрезентативците ќе го имаат во сабота, во хотелот „Александар Палас“, во Скопје.
Четири дена подоцна Македонија ќе гостува во Злин од 20:15 часот. Реваншот во Скопје ќе се одигра на 17.април.
Подобрата од двете репрезентации ќе избори пласман на Светското првенство во Полска и Шведска.
Фото/ macedoniahandball.com.mk