Женската ракометна репрезентација на Македонија во баражот за пласман на Светското првенство силите ќе ги одмери силите со Украина на 8 април во Скопје, а три дена подоцна ќе има реванш во унгарскиот град Кишварда.
Селекторот Љубомир Савевски го објави поширокиот список на ракометарки на кои ќе смета за оваа акција. На него има 35 ракометарки од кои 12 се интернационалки.