Top Sport

Селекторот потрошил 1.200 евра на алкохол, пијан го водел мечот со Белорусија

Српските ракометни репрезентативци преку соопштение и се обратија на јавноста во кое го обвинија селекторот Јовица Цветковиќ дека под дејство на алкохол ја водел екипата на европското првенство во Хрватска.

Ракометарите во заедничкото соопштение демантирале дека за време на првенството воделе неспортски живот, односно дека лумпувале по ноќните клубови во Загреб, каде ја играа втората фаза.

Соопштението е рекација на извештајот кој селекторот го поднел до ракометниот сојуз на Србија, во кој пишува дека играчите не верувале дека ќе ја минат групата во Сплит и дека пред решавачкиот натпревар со Исланд седум играчи извадиле авионски карти за враќање во Белград.

„Без причина сме ставени на ’столбот на срамот’ благодарение на ’селекторот’ Јовица Цветковиќ кој изнесе многу невистини на наша сметка. Дојде време и ние да ја кажеме вистината. Одговорно, морално и спортски тврдиме дека секој збор на Цветковиќ е лага“, се наведува во соопштението на српските репрезентативци.

Понатаму тие пишуваат дека селекторот не знаево кои клубови тие настапуваат, дека дури и бил во Скопје да разговара со Алем Тоскиќ иако тој повеќе не е во Вардар туку игра во Горење, а не знаел ни во која екипа настапува капитенот Жарко Шешум.

Тие додаваат дека Цветковиќ тренинзите ги држел со цигара в рака, на што како што велат „се навикнале“.

„Пушеше во салата каде трениравме, во тренерка со грбот на Србија. На тоа дека пуши во соблекувалната пред секој натпревар сме навикнати, тоа не е нешто ново. Ниту еднаш за време на ЕП селекторот не патуваше со нас, со автобус, туку одеше со својот авотмобил. Не знаевме кога е време за ручек или вечера, ниту кога треба да излеземе од хотелот“.

Српските ракометари сметаат дека не е во ред што преку нив Цветковиќ сака да го сокрие своето незнаење.

„За седум дена во хотелот направи сметка од 1.200 евра замо за алкохолни пијалоци. Тогаш не е чудно што секоја вечер беше пијан. Се кулминираше кога во таква сосотојба не водеше на мечот со Белорусија. Пијан го нападна и го удри потпретседателот на Сојузот Драган Шкрбиќ. Да, тоа е вистината, ние бевме присутни, ги разделивме и ги смиривме страстите“, стои во соопштението на српските ракометни репрезентативци.

Србија на ЕП во Хрватска го освои 12.место.

Scroll to Top