Ракометарките на Црна Гора претрпеа сензационален пораз од Јапонија во рамките на третото коло во Ц-групата на Светското првенство во Германија. Јапонките по голема борба ги совладаа фаворизираните противнички 29:28 (12:14).
Избраничките на Пер Јохансон, кој пред две наследи го наследи Драган Аџиќ на селекторската функција, во првото коло ја поразија Данска 31:24, а во второто по голема борба загубија од олимпискиот шампион Русија 24:28 и со овој пораз си ги комплицираа шансите за пласман во осмина-финалето.
Црна Гора имаше предност во првиот дел 14:12, но потценувачкиот однос кон противничките ги однесе во пораз.
Јапонките не отстапија во ниту еден момент, а кога во 46. минута ги искористија исклучувањата на Радичевиќ и Булатовиќ за да го преземат водството 21:20, беше јасно дека се решени да го изненадат фаворитот.
Икехара со осум и Јокушима со пет гола беа најефикасните Јапонки, а кај Црногорките се истакнаа „вардарката“ Радичевиќ и Брновиќ со по шест гола.
Црна Гора утре од 17.45 часот ќе игра против Тунис.