Top Sport

Сензација во Каиро, Аргентина ја победи Хрватска

Аргентина забележа сензационална победа над Хрватска 23:19 (12:12), во Групата 2, на 27.Светско првенство во ракомет. Хрватските медиуми веќе го прогласија овој натпревар за најлош на оваа генерација ракометари и еден од најлошите во историјата на хрватската репрезентација. Со овој натпревар Хрватите на минимум си ги сведоа шансите за пласман во четврт-финалето.

Аргентина изненадувањето го најави во воведната фаза од натпреварот, кога поведе со 5:0. Хрватите првиот гол го постигнаа во 11.минута. До крајот на првиот дел, благодарение на варадровиот играч Иван Чупиќ, Хрватска успеа да дојде до 12:12. Чупиќ во првиот дел постигна седум гола од исто толку обиди.

Хрватска, на стартот од вториот дел, го имаше единственото водство на натпреварот, по што повотрно падна во „црна дупка“. Аргентина одговори со серија од три гола и до крајот не ја испушти предноста.

Доколку сакаат да играат во четврт-финалето, во последното коло Хрватите мора да ја победат Данска и во исто време Катар да забележи победа над Аргентина. Овие натпревари на програмата се во понеделник.

Чупиќ со седум гла беше најефикасен играч на натпреварот. Кај Аргентина шестмина се запишаа меѓу стрелците, најефикасен со четири гола беше Писаро.

Scroll to Top