Top Sport

Сензационално селекторско деби на Лазаров – првпат падна светскиот шампион Данска!

Тренерското деби на Кирил Лазаров не можеше да помине подобро – во Скопје падна големата Данска, актуелниот светски шампион, во фантастичен натпревар во кој постојано ја имавме контролата и стигнавме до 33:29 победа во квалификациите за Европското првенство, заддржувајќи ја првата позиција по три натпревари и три победи. Ова е прва победа на Македонија над секогаш незгодните и опасни Данци.

Резултатот сигурно носи нов оптимизам во македонскиот ракомет, посебно бидејќи доаѓа по, за наши стандарди, лошиот настап на Светското првенство во Египет, каде што се покажаа сите слабости во нашата игра. Враќањето на Филип Миркуловски во репрезентацијата очигледно беше вистински потег, бидејќи неговото искуство се гледаше во мечот со силните Данци.

Повратникот Дејан Манасков, Филип Талевски и Филип Кузмановски постигнаа по пет гола за Македонија, селекторот Лазаров уфрли четири, како и Стојанче Стоилов, додека за Данците најдобар беше Микел Хансен со дури 11 гола.

КВАЛИФИКАЦИИ ЗА ЕВРО 2020, ГРУПА 7

Македонија – Данска 33:29 (17:13)

Финска – Швајцарија 19:32 (8:15)

Табела: 1.Македонија 6, 2.Данска 4, 3.Швајцарија 2, 4.Финска 0

Фото: ЕХФ

Scroll to Top