Top Sport

Сензација на женскиот Мундијал, Хрватска не успеа да го победи Сенегал

Третиот ден на Светското првенство в ракомет за жени го донесе првото големо изненадување. Хрватска, во А групата не успеа да го победи Сенегал, натпреварот заврши 22:22.

Репрезентативките на Сенегал беа подобри во текот на целиот натпревар, но се исплашија од победата. Во последните 10 минути влегоа со предност 20:16, Хрватска успеа да изедначи (21:21), па Сенегал погоди за водство, а во последната минута Хрвстак се спаси од пораз.

Баришиќ со осум и Јежиќ со четири гола беа најефикасни кај Хрватска, додека Камара со 10 и Сања со шест гола го предводеа Сенегал.

За разлика од Хрватска, Јужна Кореја, Бразил и Романија ја оправдаа улогата на фаворити.

Јужна Кореја го совлада Гренланд со резултат 27:16, Бразил беше убедлив против Казахстан (46:15), додека Романија очекувано го победи Чиле (44:19).

Scroll to Top