Top Sport

Шесте гола на Лазаров недоволни, Хансен во последните секунди донесе триумф на ПСЖ (видео)

Дербито на француската Старлига меѓу Нант и Пари Сен-Жермен имаше драматична завршница, во која тимот на поранешниот тренер на Вардар, Раул Гонзалес, ПСЖ дојде до победа со гол во последните секунди.

Нант на Кирил Лазаров имаше фантастичен старт за да поведе со 7:2, меѓутоа ПСЖ се врати за 10:9 водство. По водството на Нант од 14:13 на полувремето, се играше гол-за-гол, пред ПСЖ да се одвои на 22:25, за на 13 секунди пред крајот Никола Клер да постигне гол за израмнување на 29:29.

Тогаш на сцена стапи данецот Микел Хансен, кој погоди на четири секунди пред крајот за победа на парижани.

Хансен имаше 10 голови, а Недим Ремили шест, додека кај Нант, Валеро Ривера имаше седум, а по шест додадоа Лазаров и Клер.

Scroll to Top