Top Sport

Шестмина заразени во ракометната репрезентација на Србија

Коронавирусот влезе во таборот на српската ракометна репрезентација. Двајца играчи и целиот стручен штаб биле позитивни на вирусот. Српските ракометари се подготвуваат за настап на Европското првенство во Словачка и Унгарија.

Позитивни тестови, во вторникот добиле, голманот Владимир Цупара, десното крило Богдан Радивијевиќ, селекторот Тони Џерона, тренерот на голманите Димитрије Пејановиќ, физиотарапевтот Петар Радуловиќ и шефот на делегацијата Милорад Кривокапиќ.

Заразените имале благи симптоми, се чувствувале добро. Сите се во изолација.

Поради ова Србија ги откажа контролните натпревари со Германија на 7. и 9.јануари.

Србија на ЕП се наоѓа во група со Франција, Украина и Хрватска.

Scroll to Top