Top Sport

Шишкарев и Марсениќ се обидоа со македонските ора (видео)

Подготовките за Фајнал фор турнирот од регионалната СЕХА лига во Скопје привршуваат, и организаторите ги „натераа“ ракометарите на Вардар, Мијајло Марсениќ и Данил Шишкарев да се обидат со нашите традиционални ора.

Како дел од програмата за големото финале во Скопје, во присуство на „Танец“, Марсениќ и Шишкарев се обидоа со „новата тренинг-рутина на Вардар“, според официјалниот Твитер профил на регионалната лига. Покрај тоа, тие ветија дека „ќе има уште видеа!“.

Scroll to Top function disable_right_click() { echo ""; } add_action('wp_footer', 'disable_right_click');