Top Sport

Шок за Барселона – Магдебург го освои Супер Глоуб

Ракометарите на Магдебург, приредија големо изненадување во финалето на Супер Глоуб. Германците го освоија трофејот, во победата над Барселона 33:28.

Барселона, по поразот во Веспрем, доживеа уште еден пораз во краток временски период. Каталонците добро влегоа во натпреварот, ја одржуваа предноста од гол или два, до последните 15-минути од првиот дел, кога Магдебург со серија од пет гола го презеде водството (16:13).

До крајот на натпреварот Барселона не успеа да ја врати предноста. Најмногу се доближија ба два гола негатива (26:24), но тој налет Магдебург го одби. Во финишот Германците ја имаа максималната предност од осум гола (33:25).

Магнусен со седум гола беше најефикасен кај победникот, пет пати голот на Барселона го погоди Вебер. Барса ја предводеа Мем со десет и Абељо со седум голови.

Scroll to Top