Шпанија ја декласира Норвешка 28:22 (13:13) во второто полу-финале на Светското првенство за ракометарки во Јапонија. Шпанките за златниот медал в недела ќе играат со Холандија. Холанѓанките претходно ја совладаа Русија со 33:32.
Шпанските ракометарки, во Кумамото, одиграа речиси совршен натпревар против фаворизираната селекција на Норвешка. Импресивно делуваа Шпанките во одбраната, особено тоа важи за второто полувреме во кое Норвешка постигна само девет гола.
Шпанија изненадување го најави уште во првото полувреме кога во 23 минута имаше водство (10:7). Сепак до крајот на полувремето Норвежанките воспоставија контрола постигнаа шест гола и со 13:13 замина на паузата помеѓу двете полувремиња.
Во второто полувреме на теренот постоеше само Шпанија. До максималната предност од шест гола Шпанките дојдоа во 44 минута, а во преостаниот дел од мечот Норвежаниките во ниту еден момент на ја оспорија нивната победа.
Кабрал со седум, Родригез со шест, односно Пења и Лопез со по четири гола ја предводеа Шпанија до големата победа.