Top Sport

Шпанките и Данките сигурно влегоа во полуфинале

Шпанија со одлична игра успеа да стигне до ХХХ победа над Германија за пласман во полуфиналето на ракометниот Мундијал на домашен терен, каде што се надеваат дека се во совршена позиција да стигнат до својата прва титула по поразот во финалето пред две години.

Во Гранолјерс, домашниот тим успеа да направи предност од четири гола по првите 30 минути, која ја заддржа до крајот на мечот. Следен противник на Шпанките е подобриот од дуелот на двата кандидати за злато, Норвешка и Русија.

Претходно, Данките, првпат по осум години се вратија во полуфиналето на Светското првенство, победувајќи го Бразил со 30:25. Бразилките успеаја да бидат израмнети во првото полувреме, но потоа беше очигледен падот на формата, а на голот Данките ја имаа одличнат Сандра Тофт која имаше дури 17 одбрани. Бразилката Адријана Кардозо беше најефикасна со 10 постигнати голови. Данска ќе се судри со подобриот од дуелот Франција-Шведска.

СП ШПАНИЈА 2021, 1/4 ФИНАЛЕ

Данска – Бразил 30:25 (14:13)

Шпанија – Германија 26:21 (14:10)

Франција – Шведска, утре

Норвешка – Русија, утре

ПОЛУФИНАЛЕ

Данска – Франција/Шведска

Шпанија – Норвешка/Русија

Scroll to Top