Арпад Штербик ја брани честа на Вардар во тимот на сезоната во Лигата на шампионите. Штербик и оваа сезона е најдобар голман во елитната конкуренција. Во идеалниот тим доминираат играчите на ПСЖ.
МВП. на минатогодишниот завршен турнир, Штербик и оваа сезона е еден од најзаслужните што Вардар стигна до самата завршница, каде ќе ја брани титулата во Лигата на шампионите.
ПСЖ има четворица ракометари во изборот на најдобрите: Уве Генсхајмер е најдоброто лево крило, Сандер Сагосен (најдобар лев бек), најдобар среден бек е Никола Карабатиќ, а неговиот брат Лука Карабатиќ е најдобар дефанзивец.
Искусниот Бјарте Мирхол од Скејрн е најдобар пивот оваа сезона, а десната страна е резервирана за Дика Мем од Барселона (најдобар десен бек) и Давид Балагуер од Нант (најдобро десно крило).
Тренер на сезоната е Патрис Канаје од Монпелје.
Завршниот турнир во Лигата на шампионите ќе започне утре, а Вардар игра во второто полу-финале од 18 часот, против Монпелје.
The VELUX EHF Champions League 2017/18 All-star Team ?@HCVardar @psghand @skjernhaandbold @FCBHandbol @HBCNantes @mhbofficiel #ehffinal4 #veluxehfcl pic.twitter.com/M5NtcJYXzX
— EHF Champions League (@ehfcl) May 25, 2018