Top Sport

Штербик на крајот на сезонава се збогува со ракометот

Актуелниот ракометен голман на Веспрем, Арпад Штербик на крајот на сезонава дефинитивно ќе му каже збогум на ракометот.

Штербик од 2014 па се до 2018 беше незаменлив на голот на скопски Вардар, клуб со кој во 2017 година ја освои европската титула.

Полските и шпанските медиуми откриваат информација дека голманот штом го одработи двегодишниот договор со Веспрем, ќе одличи да ја заврши кариерата.

Покрај Вардар и Веспрем, Штербик во кариерата настапуваше и за Барселона , но и за Сиудад Реал.
Информациите се дека неговото место во Веспрем ќе го наследи шпанскиот голман од ПСЖ, Родриго Коралес.

Scroll to Top