Top Sport

Штербик: Сопругата ме убедува да ја продолжам кариерата

Арпад Штербик, еден од најдобрите голмани во историјата на ракометот, ја заврши кариерата. Неговото заминување во пензија ја забрза пандемијата што ја предизвика вирусот ковид-19. Тој стави крај на кариерата неколку месеци порано од планираното.

Штербик со семејството е во Унгарија, во разговор со медиумите открил дека сопругата го убедувала да продолжи со ракометот.

„Знаете јас сум како дизел-мотор, тешко се движам ми треба време да ја достигнам работната температура. не сум подготвен за нов почеток, заситен сум од ракометот. Сопругата ме убедува да ја продолжам кариерата за да можам да се простам на вистински начин. Сепак нема сила за нов почеток“, рекол Штербик.

Дел од својата кариера Шербик мина во Вардар, во 2017 година со црвено-црните ја освои Лигата на шампионите. Во кариерата бранел за Југовиќ, Веспрем, Сиудад Реал, Атлетико Мадрид и Барселона.

Scroll to Top