Top Sport

Кер: Кукоч мораше да биде на постерот за „Последниот танц“

Тренерот на Голден стејт Вориорс и член на славната генерација на Чикаго Булс (1996-1998) Стив Кер не е задоволен од одлуката на авторот на филмот за Мајкл Џордан „Последниот танц“ да изврши промени на постерот со кој е најавен филмот.

Одлуката да биде сменет оригиналниот постер наиде на многу критики во САД, а таквата одлука на авторот не му се допаднала ниту на Кер.

„Се срамам. Ги гледам најавите за документарецот и на сите сме Џордан, Денис, Скоти, Фил и јас. Разбирам дека јас сум таму бидејќу сум успешен тренер на Вориорс и дека многумина ќе ме препознаат, а дека можеби нема да ги препознаат Харпер, Лонгли или Кукоч. Можеби нивните лица не им значат многу на младите бидејќи тоа се случуваше пред 22 години, но Кукоч едноставно мора да биде на таа фотографија“, рекол Кер и дополнил.

„Кукоч беше одличен играч, можеше да направи се што ќе посака. Прекарот му беше келнер бидејќи со своите топки ги послужуваше сите на теренот. Да игра денес би бил една од најголемите ѕвезди“.

Тренерот на Вориорс открил дека на заедничката вечера на трофејната генерација на Чикаго Булс му наздравил на Кукоч.

„Му наздравив поради се она низ што мораше да мине кога дојде во НБА. Не беше пракса во тоа време Европејци да доаѓаат во НБА. Никој ен мина низ она низ што помина тој. Беше под константен притисок од Џордан и Пипен, бидејќи генералниот менаџер Џери Краус инсистираше тој да дојде во Булс, а Ем-Џеј и Скоти не бе во добри односи со Краус. За нив тој беше „играчот на Џери“. А Тони, тој само сакаше да игра кошарка. Сакам луѓето да знаат колку тој му значеше на тимот“, рекол Кер.

Scroll to Top