Top Sport

Штербик: Жал ми е за хрватските колеги од Вардар

Шпанија вечерва во 20.30 часот ќе се обиде да ја совлада Шведска и првпат по четири финалиња да стигне до титулата европски шампион.

На голот ќебиде ѕвездата на Вардар, Арпад Штербик, откако тој беше повикан во последен момент да го замени повредениот Перез.

„Бев во Скопје и одев на лекарски преглед. Добив повик утрото и не можев да се јавам. Кога се слушнав со луѓето од сојузот тие ми кажаа итно да дојдам. Немаше директен лет за Загреб, па морав преку Љубљана“, открива Штербик за „Вечерњи лист“.

Тој признава дека не гледал голем дел од мечевите на првенството.

„Малку гледав, малку не. Жал ми е за соиграчите од Вардар, Циндриќ, Чупиќ и Карачиќ што не се сретнавме во финале. Им недостасуваше Дувњак, па многу го ’истрошија’ Циндриќ“, вели ветеранот.

Scroll to Top