Top Sport

Шведска без Готфридсон до крајот на СП

Ко-домаќинот на Светското првенство во ракомет, Шведска рутински избори пласман во полуфиналето. Швеѓаните славеа во четвртфиналето против Египет со 26:22.

Швешаните во најголем дел од натпреварот играа без својот најдобар играч, Јим Готфридсон. Средниот бек на Фленсбург се повреди во првото полувреме. Денешните прегледи покажале дека за него Светското првенство е завршено. Готфритсон се здобил со фрактура на показалецот на левата рака.

„Фрустрирачки е ова, знам дека и тимот и јас играме добар турнир. Сонував да го играм финалето на СП на домашен терен, но тоа нема да се случи“, изјави Готфридсон.

МВП на последното Европско првенство, кога Шведска ја освои титулата, ќе биде надвор од ракометните терени во наредните два месеци.

Шведска во полуфиналето ќе игра против актуелниот олимписки шампион Франција.

Scroll to Top