Top Sport

Шведска го „избриша подот“ со Хрватска, и Србија оди понатаму!

Шведска пред преполната „Спаладиум арена“ во Сплит, го декласираше домаќинот Хрватска со 35:31 за да го освои првото место во групата А и во исто време да дозволи Србија да се пласира понатаму по победата над Исланд.

Кога се очекуваше дека Хрватите ќе ја комплетираат првата фаза со совршен 3-0 скор и ќе патуваат во Загреб со мисли кон борбата за медали, на патот се најдоа „трите круни“, кои доминираа од почетокот до крајот на мечот за импресивна победа.

Со оваа победа, Шведска го освојува првото место во групата, пред Хрватска и Србија, која чекаше триумф на Швеѓаните за пласман, откако претходно не успеа да направи +4 во мечот со Исланд.

Албин Лагергрен беше најпрецизен за Швеѓаните со шест гола, а по пет имаа Јеспер Нилсон и Симон Јепсон. Кај домаќините Иван Чупиќ постигна седум гола (за да има вкупно 150 на сите настапи на ЕП), а пет пати погоди Марко Копљар.

Во групата Б немаше изненадување, откако Норвешка со 39:28 ја победи Австрија, оставајќи ги без победа на шампионатот. Норвежаните се втори во групата зад Франција, додека во втората рунда оди и Белорусија.

Хрватска во втората рунда пренесува 2 поени, додека Шведска ќе има 4, а Србија влегува без поени, а се „вкрстуваат“ со Французите (4 поени), Норвежаните (2 поени) и Белорусите (без поени).

ГРУПА А

Србија – Исланд 29:26

Хрватска – Шведска 31:35

Табела: 1.Шведска 4, 2.Хрватска 4, 3.Србија 2, 4.Исланд 2

ГРУПА Б

Франција – Белорусија 32:25

Норвешка – Австрија 39:28

Табела: 1.Франција 6, 2.Норвешка 4, 3.Белорусија 2, 4.Австрија 0

Нова драма – Србија го победи Исланд, но им „фалеше“ еден гол!

Scroll to Top