Шведските ракометарки прв пат во својата историја изборија пласман во полу-финале на едно светско првенство. Швеѓанките во скандинавското дерби ја совладаа Данска со 26:23 (13:11).
Во четврт-финалната пресметка во Лајпциг Шведска до победата ја предводеше Хана Бломстад со седум гола, додека два помалку постигна Изабел Гулден.
Најеофикасни кај Данска беа Мете Транборг со седум и Стине Јоргенсен со шест гола.
Репрезентацијата на Шведска во полу-финалето ќе игра против победникот од дуелот помеѓу Франција и Црна Гора.
Во преостанатите две четврт-финалиња играат Холандија-Чешка и Норвешка-Русија.