И на вториот контролен меч одигран во Скопје ракометарите на Вардар триумфираа, овoј пат против АЕК со 31-24 (14-11). Грчкиот тим допатува како победник на турнирот во Струга што заврши викендов, и одигра неколку контролни средби со македонски тимови.

На самиот почеток од средбата АЕК „покажа заби” и поведе. Највисокот водство Грците го имаа во 18 минута кога беше 6-11. Тоа беше период во која Вардар имаше шанси, но не ги реализираше а секоја грешка гостите ја казнуваа.

Тогаш као да се разбуди Вардар. Гостите 12 минути не постигнаа гол, и од 6-11 до крајот на полувремето Вардар имаше водство од 14-11. Откако во 26 минута израмнивме на 11-11, со гол на Дибиров потоа од пенал зголемивме на 12-11 што беше наше прво водство.

Во второто полувреме Вардар продолжи со исто темпо па предноста се зголемуваше. Во 42 минута Вардар имаше предност од 22-15 како најава за нов триумф. И на овој натпревар во редовоте на Вардар поради повреди ги немаше игравме без Жозе Толедо и Павел Атман.

Пола од головите за Врадар ги постигнаа двајца играчи Дибиров (10) и Скубе (7).

извор/rkvardar.mk