Top Sport

Скјерн го „здроби“ Веспрем!

Унгарскиот шампион доби вистинска лекција по ракомет на гостувањето во Данска, откако Скјерн првиот меч од осминафиналето на Лигата на шампиони го заврши со плус седум (32:25), додека Барселона ќе брка три гола разлика дома, откако загуби кај Монпелје со 28:25.

Унгарскиот тим го имаше еден од најлошите мечеви оваа сезона, нешто што целосно го искористија домаќините и направија предност од четири гола по првите половина час (17:13). Скјерн во второто полувреме имаше и девет поени предност, но Веспрем врати на големи, но сепак достижни седум гола до крајот на мечот.

Олсон и Расмусен имаа по шест гола за Скјерн, додека за госите Маргуч додаде исто толку голови.

Понеизвесно беше во Франција, каде што Монпелје и Барселона го одиграа првото осминафинале. Барселона поведе со четири гола разлика во финишот на првото полувреме, но на крајот францускиот клуб направи разлика од три гола за интересен дуел во Каталонија.

Трухановичиус имаше осум гола за Монпелје, додека Н’Гесан постигна седум за Барселона.

ЛИГА НА ШАМПИОНИ, ОСМИНАФИНАЛЕ, ПРВ МЕЧ

Монпелје – Барселона 28:25 (13:13)

Скјерн – Веспрем 32:25 (17:13)

 

Scroll to Top