Во ситуацијата кога запреа спортските натпревари, специјализираниот поратал за ракомет „balkan-handball.com“ прави серијал „Остани дома“. Еден од гостите на уредникот на порталот Жика Богдановиќ беше и ракометарот на Вардар Сташ Скубе.
Скубе најмногу зборува за актуелната ситуација во која се наоѓа Вардар, сигурен е дека Сергеј Самсоненко повеќе нема да биде во клубот, а самиот не знае дали и наредната сезона ќе го носи црвено-црниот дрес.
Словенецот на почетокот на сезоната 2018/2019 пристигна во Вардар и еден од клучните играчи во походот на втората титулата во Лигата на шампионите.
Најубав ден во мојот живот. Чувството беше ‘страшно’. Се надевам дека во кариерата ќе имам можност уште еднаш да го нападнам тој трофеј. Искрено се уште не сум размислил добро што ќе правам. Имам уште две години од договорот, но знаеме дека тој договор во ваква ситуација не значи многу. Шансите да останам или да заминам се 50-50“, вели Скубе и потоа говори и за актуелната ситуација во клубот.
„За Вардар би било најдобро да се да заврши поради овој вирус. Не изгледаме добро, не е тоа тој Вардар и за нас и за публиката. се надевам дека работите некако ќе се средат. Разочаравме многу оваа сезона. Изгубивме многу натпревари, не се проблем поразите, туку начинот на кој ги губевме натпреварите се сменија тројца тренери. Не е едноставно оваа година да се биде играч на Вардар“.
Целото интервју на Скубе за „„balkan-handball.com“ можете да го погледнете тука.