Top Sport

Баерн барал од Тер Штеген да не потпишува нов договор

Марк Андре тер Штеген има договор со Барселона до 2020 година. Каталонците се обидуваат да го натераат да го продолжи договорот, но според информациите преговорите помеѓу двете страни не одат во добра насока. Тер Штеген е незадоволен, бара драстично зголемување на платата. Застојот во преговорите се обидува да го искористи Баерн Минхен. Тие сакаат Тер Штеген да го наследи Мануел Ноер кој како стојат работите ова лето ќе го напушти Минхен.

Според германските медиуми од Баерн дури и му сугерирале на Тер Штеген да не го продолжува договорот со Барселона. Му гарантирале поголема плата од онаа што ја има во Барселона и место на голот.

Тер Штеген од Барселона барал двојно поголема плата. Сакал клубот и со финансискиот дел да покаже дека тој по Меси е најзначаниот играч во тимот.

Scroll to Top