Top Sport

Словенија го доби трилерот против Норвешка, Шведска се изнамачи со Холандија

Репрезентациите на Словенија, Шведска и Данска ги обезбедија првите позиции во своите групи и во главната фаза од Европското првенство носат по два бода.

Словенија со максимални шест бода ја освои групата Д. Во последното коло, во драматичен натпревар Словенците славеа над Норвешка со 28:27.

Алекс Влах доминираше во победата на Словенија со седум гола, Благотиншек постигна пет, додека Бомбач, Доленец и Мачковшек мечот го завршија со по три гола. Важна улога во финишот имаше и голманот на Пелистер Лесјак со неколку спектакуларни одбрани. На крајот тој беше прогласен за играч на натпреварот.

Кај Норвежаните најдобар беше Сандер Сагосен со шест гола, Грендал постигна пет, а Бјорнсен и Еверби по четири гола.

Со многу проблеми, Шведска во трилер завршница ја победи Холандија 29:28.

По оваа победа, Швеѓаните ја завршија групата со сите три триумфи и на првото место, додека Холандија е втора и овие две репрезентации ќе играат во втората фаза на ЕП.

Само на натпреварот меѓу Данска и Португалија немаше дилеми околку конечниот победник.

Трикратниот светски шампион на овој меч ја оправда улогата на фаворит и со резултат 37:27 на крајот ја извојува третата победа во групата. Данска е прва во Ф групата, а Португалија го освои второто место.

Scroll to Top