Top Sport

Словенките ја „торпедираа“ Хрватска на отварањето на втората рунда

Словенија стигна до убедлива 26:18 (13:12) победа во соседското дерби со Хрватска на отварањеето на втората рунда на Европското првенство во ракомет, зголемувајќи си ги шансите за пласман во нокаут фазата.

По израмнетото прво полувреме, Словенките во првиот меч во Љубљана ја воодушевија домашната публика со фантастична игра во второто полувреме, во кое се одвоија и стигнаа до убедлив триумф. Во првите 10 минути од второто полувреме, Хрватска постигна само еден гол, и тоа од пенал, за Словенија да направи предност од 17:13, која ја заддржа до крајот на мечот.

Ана Грос беше најефикасна со седум голови за Словенија, но клучеен играч сигурно беше голманката Амра Панџиќ, која ги неутрализираше нападите на Хрватките.


Standings provided by Sofascore

Scroll to Top