Најбогатиот клуб во ракометниот свет, Пари Сен Жермен на чија клупа седи екс-вардарецот Раул Гонзалес, полека го формира тимот за наредната сезона.
Нов играч на „светците“ е Феран Соле кој сезоната ја заврши во Тулуз. Соле е стандарден член на првиот состав на шпанската репрезентација.
ПСЖ и Соле договориле три годишна соработка. Кариеерата овој играч ја започнал во Гранољерс.