Top Sport

„Спорт Лајф“ обезбеди два нови медицински апарати за КАРИЛ

Со акцијата „Голови за победа, голови за радост“, „Спорт Лајф“ го претвори секој постигнат гол на македонските ракометари на СП, во донација за хумани цели.

Со хуманата акција „Спорт Лајф“ обезбеди средства кои ќе бидат донирани за набавка на два нови премиум монитори за виталните параметри кај пациентите за потребите на КАРИЛ – Клиниката за анестезија, реанимација и интензивно лекување при Универзитетскиот клинички центар „Мајка Тереза“.

На Светското ракометно првенство, кое се одржа од 10 до 27 јануари, „Спорт Лајф“ навиваше заедно со сите нас, притоа наградувајќи го секој гол на македонските ракометари со донација од 2.000 денари. Сумата која е собрана од оваа хуманата акција изнесува 400.000 денари.

За постигнатите голови на македонските ракометари може да се потсетиме и на следниот линк: sportlife.com.mk/golovizaradost

Целта на „Спорт Лајф“ беше преку оваа хумана акција да придонесе кон она што е најпотребно и најважно за сите нас – здравјето, и во таа насока по пристигнување на опремата, во соработка со претставниците на Министерството за здравство, истата ќе биде врачена на клиниката за КАРИЛ.

Scroll to Top